Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски вели дека не бил поканет да прируствува на прес конференцијата со Данела Арсовска за реконструкција на улицата „Перо Наков. Како што вели тој, а пренесува СДК.мк, овој проект се реализира на негово барање, но и покрај овој факт, тој не добил покана од Арсовска.

„Не бев поканет на прес-конференцијата, а овој проект се реализира на барање на Општина Гази Баба и урбаните заедници“, вели Стефковски.

Инаку, за прв пат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствува во некоја општина без градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија соопштија дека се оградуваат целосно од нејзиното однесување и дека во иднина нема да ја има поддршката од ниту еден нивен градоначалник, односно нема да присуствуваат на ниту еден настан со неа.

Сето ова настана откако Арсовска го разреши в.д директорот на Водовод кој беше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа следуваа уште неколку оставки на кадрите од оваа партија, а кулминираше со обраќањето на Арсовска во советот на Град Скопје, каде порача дека Мицкоски никогаш нема да излезе од тендер матрицата и дека сега не им чини бидејќи им го фатила „директорчето со рачињата во мед“.