На 19.11.2023 градоначалничката на Сараево Бењамина Кариќ одржа состанок со Бошњачкиот демократски сојуз и Бошњачкиот национален сојуз на Република Северна Македонија.

Од партијата присуствуваа претседателот Мунир Колашинац, потпретседателот Адмир Ујкановиќ и член на извршен одбор Арслан Омерагиќ, како и претседателот на БНВ Џевад Хот и академик проф.др Фехим Хусковиќ.

Состанокот помина во пријателска атмосфера каде се разговараше за можности за соработка и вмрежување меѓу Скопје и Сараево како збратимени градови.