Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не гледа проблем што во земјата се градат автопатишта во внатрешноста на земјата, на сметка на Коридорот осум, кој треба да не поврзе со автопат и железица со Бугарија и Албанија.
Бочварски вели дека подобро да се гради инфраструктура отколку да се градат фасади и фонатани, кои немаат повратен бенефит.
„Зијан нема од изградба на патиштата“, вели Бочварски и додава дека е неспорно да се гради автопатот кон Охрид бидејќи градот е туристички центар.
„Ние секако даваме поддршка на автопатот за Охирд, но во плановите на владата е и завршување на Коридорот осум на Запад кон Ќафасан“, убедува Бочварски.
Тој се пофали дека автопатот Миладиновци-Штип е завршен од актуалената влада, а експресен пат изградиле и на делницата од Штип до Радовиш.
„Добро е да се поврземе што повеќе со квалитетна и модерна инфраструктура, дали тоа би било на ниво на експресен пат, автопат, покажуваат анализите, колкав е протокот на возила. Ние даваме поддршка на изградба на инфраструктурата генерално и на одржување на патиштата и затоа продолжуваме активно да работиме“, смета Бочварски.