Градоначалникот на општина Карпош заедно со дел од општинските службеници во текот на вчерашниот ден посетил две згради на улица Никола Парапунов и констатирал дека и во двата објекта бројот на паркинг места не се изведени во согласност со одобрението за градба од надлежните служби во општината, иако за тоа постои физичка можност, односно висината на гаражниот простор овозможува паркирање на две нивоа, информираат од Општина Карпош.

„Сопствениците, односно инвеститорите и надзорот ќе бидат повикани во текот на оваа седмица. Во зависност од тоа дали инвеститорите и надзорот ќе го коригираат овој недостаток ќе зависат и мерките кои што ќе ги преземе Општина Карпош против нив“, се истакнува во соопштението.

Текстот Градежни неправилности во Општина Карпош, ќе се бара објаснување од инвеститорите и надзорот е превземен од МАКФАКС.