Историскиот Олдехуфстеркерхоф во Леуварден, главниот град на холандската провинција Фризленд или Фризија, е неверојатен спој на чудното и прекрасното.

Тука се наоѓа Де Олдехове, недовршена кула од 16 век, навалена толку многу што речиси ја надминува онаа во Пиза, Италија. Тука е и блескавиот Национален музеј за керамика „Принцесеф“, како и величествената куќа со раритети од династијата Минг и делата на Пикасо.

Имено, Леуварден се запиша во Гинисовата книга на рекорди благодарение на фактот дека досега го сменил своето име 225 пати!

Ливаден, Лјуверт, Лувт, Левард или, пак, Леовардија? Ова се само неколку имиња што градот ги менувал.

До 19 век, во Холандија не постоел никаков официјален правопис, а луѓето главно ги пишувале зборовите на начинот на кој ги изговарале. Во провинцијата името Лувт е популаран назив за Леуварден, додека во училиштата од минатите векови се обидувале да го латинизираат името во Леовардија.

Многу градови во Холандија немаат свое официјално име, а Леуварден има дури 225 различни називи. Лут, Леуваденн или Леовардија сосема заслужено го има прекарот „Град со сто имиња