Дали најавите на Мицкоски за преговори со компанија за набавка на 100 електрични автобуси и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, е причината за 3 годишната блокада на градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од Град Скопје.

„Изјавите на Орце Ѓорѓиевски и Александар Николовски, дека проблемот со автобусите ќе се реши по локалните избори, се потценувачки кон граѓаните во Скопје. Ако имаат решение, зошто тие не го понудат веднаш, за што градоначалничката Данела Арсовска повеќе пати истакна дека ќе прифати соработка за доброто на граѓаните. Доколку навистина се грижат за граѓаните, нека донесат автобуси, нека го оправат ЈСП, зошто да чекаат до изборите и ги оставаат граѓаните со проблеми уште цела една година? Дали оваа штета врз Скопје се прави поради повредената суета на Мицкоски, поради неговиот инает кон градоначалничката Арсовска или за Мицкоски политички да поентира на следните локални избори?

Ако Мицкоски има решение за ЈСП, зошто неговите советници сега не гласаат за набавка на нови автобуси или за воведување БРТ, зошто чекаа 3 години и зошто јавно најавуваат дека уште една година Скопје ќе биде нивни заложник? Жално е што Мицкоски и неговите партиски послушници мислат дека граѓаните имаат кратко памтење, дека ќе заборават што се случуваше пред три години и ќе заборават дека тие лично го креираат хаосот во Скопје цели 3 години. Мицкоски не реализираше ниту едно од своите ветувања за Скопје, а богами без да истури 250 милиони во своите општини, тешко дека ќе испорача било што и низ Македонија“, истакнуваат од таму.

Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП, како што оценуваат, е Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници на чело со Трајко Славевски се власт во Советот 3 години и веќе 24 седници по ред не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што сами свесно го предизвикуваат во јавниот превоз.

„За Седницата на Совет за ноември 2024 година, по 25 пат е доставена предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од редовите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Советот веќе 3 години, континуирано не гласаат за подобрување на состојбите во ЈСП

Поради суетата на Мицкоски, граѓаните во Скопје со часови чекаат автобус. Мицкоски кој еден ден глуми спасител на скопските јавни претпријатија – а друг ден како за сите важни прашања во државата негира што кажал, време е барем еднаш да си стои на зборот и да ги реши проблемите што континуирано ги креира.

За Седницата на Совет во ноември по 25 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси, иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.

Согласно закон, градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, ниту за решавање на кризата во ЈСП за кое одлуките ги носат во советот луѓето на Мицкоски.

Единствена одговорност за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои како власт и мнозинство во Град Скопје, зависи дали ќе има нови наместо дотрајани еко автобуси и подобар превоз. За потсетување кризите кои советниците на Мицкоски ги креираат во Скопје, а кои единствено тие можат да ги решат со одлука во советот:
1. Мицкоски креираше криза со Буџетот за да го саботира ЈСП и неговите луѓето во Советот на Град Скопје по наредба на шефот одлуките не ги носеа со месеци
2. Мицкоски креираше криза со недостаток и неисплата на веќе планирани буџетски средства за плати во ЈСП, поради што протестираа синдикатите, па откако им се удри од глава кризата што сами ја креираа Трајко Славески по наредба на шефот ја реши
3. Мицкоски креираше криза со недостаток на автобуси, при што за нови еко автобуси како замена за дотрајаните единствено можат да донесат одлука неговите советници на чело со Трајко Славевски
4. Мицкоски креираше криза и со проектот за воведување БРТ од каде следат за градот 60 нови автобуси, но и таму неговите советници не гласаат одлука за отпочнување.
5. Мицкоски креираше криза со приватните превозници за кои одлука за промена на условите за работа може да донесат единствено неговите послушници во Советот, а иницијативата веќе 4 месеци Трајко Славески не ја става ниту на дневен ред
6. Мицкоски креираше криза во ЈСП за гориво, за прв пат од постоењето на претпријатието кадрите на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки ја поништија редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио за нова криза“, се наведува во информацијата од Град Скопје.

Според оваа институција, сите одлуки за Скопје можат да ги донесат единствено советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои се власт во градот веќе 3 години. Тие, како што е наведено во рекаицјата, континуирано по наредба на шефот Мицковски демонстрираат сила и самоволие, вршат притисок за да се излечи суетата на човекот, на кој додека не се елиминира градоначалничката Арсовска, нема да му се смири егото, а за тоа трпат граѓаните.

„Угнетувачот Мицковски со три години притисоци и закани се обидува Арсовска да си замине, што на негово разочарување нема да се случи, затоа што вина за проблемите имаат само неговите слуги во Советот на Град Скопје, од чии одлуки за жал зависи нормалното функционирање на градот.

Според програмата за Скопје на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ која ја промовираа на локалните избори во 2021 година, требаше до крајот на мандатот да се испорачаат 250 автобуси. За потсетување шефот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите еко автобуси за скопјани. Со набавка секоја година по 50 автобуси, ќе се постигнеше квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и ќе се испорачаа до крај на мандатот 250 автобуси“, стои во соопштението на Град Скопје.