Град Скопје се огласи со писмена реакција во која се вели дека наместо конкретни идеи за подобрување на животот на граѓаните СДСМ секојдневно шири невистини и лажни вести со кои нанесува директна штета на Градот Скопје.

-Не е вистина тврдењето на владејачката партија дека партиски кадри се вработуваат во Град Скопје. Станува збор за продолжување на договори на определено време на лица веќе вработени во градската администрација.

Бројот предвиден годинава е значително намален во споредба со 2021 и 2020 година, и лицемерно е некој кој гласал за значително зголемување на вработувањата во градската администрација сега за истото да шири дезинформации. Власта наместо да шири лажни вести, да се посвети на тоа да им помогне на граѓаните. Владите во другите земји уште минатата година донесоа мерки за 2022 година да се надмине големата енергетска криза, велат од Град Скопје.