„Одлуката е исклучиво во насока на спречување превработеност на администрацијта, заштеда на буџетот на Градот и спречување оштетување на граѓаните кои немаат обврска да финансираат партии преку вакви вработувања…… Како што најави и градоначалничката Арсовска, во Градот нема да се дозволи ниту едно вработување повеќе од апсолутно потребното….

Ставот на градот е јасен….. Нема да биде дозволено ниту едно вработување повеќе од потребното, особено не, да се плаќаат лица кои воопшто и не се појавуваат на работното место….. Во моментов се врши ревизија на ваквите вработувања, велат во одговорот од Градот Скопје… Откако оваа анализа ќе биде завршена, потоа може да разговараме и со синдикатите….

Инаку, сакаме да појасниме….. Наспроти шпекулациите во јавноста дека станува збор за некаков реваншизам – на преку 100те лица кои во краток период од неколку месеци биле вработени во ЈП Водовод и Канализација, нема да им бидат продолжени договорите за времено вработување додека не заврши ревидирањето на потребата од овие вработувања“, се наведува во одговорот од Градот Скопје до Канал 5.