Град Скопје се огласија со соопштение по повод оставката на заменичката на Данела Арсовска, Бујаре Абаз.

Бујаре Абази не беше партиско решение и на функцијата заменик беше назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните.

Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука.

Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани.

Претходно во текот на денот Абази одржа прес конференција на која изјави дека се повлекува поради тоа што не сака да биде во коалиција со ДУИ. Ова доаѓа откако Арсовска назначи двајца директори од редовите на ДУИ.