Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни заеднички активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи.

Како што информираат оттаму меморандумот склучен помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателката на Националниот совет Савка Тодоровска, се однесува на промоција и унапредување на родовата еднаквост на локално ниво, како и на подобрување на услугите и пристапот до сервисите на ранливите групи, посебно на жените жртви на семејно и родово базирано насилство.