Град Скопје соопшти дека нивни екипи активно работат на терен со цел расчистување на трасата од објекти кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот „АСНОМ“ низ Керамидница.

Од Град Скопје посочуваат дека на трасата за новиот булевар кој е продолжение на мостот, се наоѓаат вкупно 285 имоти и објекти кои се експроприраат.

-Интензивно се работи на расчистување на имотно правните односи за објектите во Керамидница кои се наоѓаат на трасата на пробивањето на булеварот во овој дел градот. Со изградбата на новиот мост Михајло Апостолски и пробивањето на булеварот АСНОМ низ Керамидница, се поврзуваат Општините Аеродром и Гази Баба, посочуваат од Град Скопје.