Бојкот на претстојниот попис и формирање експертска влада од членови на Македонксата академоја на науки, побара денеска Граѓанската иницијатива „Не отворам врата“, во која членуваат дваестина невладини организации и една политичка партија.
„Нашите барања се непроменети: прво, стабилна епидемиолошка ситуација, второ, попис со изменета методологија, усогласен со европските стандарди и обработка на податоците со македонски софтвер од македонска фирма и трето, спроведување кредибилни локални и парламентарни избори во безбедни епидемиолошки услови“, изјави на Марјан Камиловски, координатор на иницијативата пред МАНУ.
Камиловски смета дека нивните барања може да ги исполни само експертска влада, која треба да се поддржи и од парламентарната опозиција затоа што само таква влада може да орагнизира кредибилен поппис и избори.
Според него, нивната иницијатива усепала да го потикне народот да го бојкотира референдумот за името и да се одложи пописот.