Во Хрватска денеска почна втората фаза од имунизација односно вакцинирање на граѓаните против Ковид-19, но во Загреб граѓаните со часови чекаатр пред пунктот за вакцинација.
Според хрватските медиуми вакцинацијата требало да почне во девет часот, но граѓаните почнале да доаѓаат пред пунктот за вакцинација два часа порано, при што се создал долг ред.
Граѓаните се жалат дека чекаат со часови иако имаат закажано термин за вакцинирање и оти не е организирано, а ги обвинуваат и лицата кои дошле многу порано пред закажаниот термин.