Државниот инспекторат за животна средина лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори”, со која граѓаните може да пријават загадување преку нивните социјални мрежи, електронски адреси или на веб-страницата на Инспекторатот што.
Пријавувањето е едноставно, со испраќање порака преку фејсбук страницата на ДИЖС, мејл адресата [email protected], веб-страница www.sei.gov.mk , и преку полето „Пријави” не е-мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавите граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат фотографија и видео и да остават нивни податоци, за да можат инспекторите да ги исконтактираат.
Со платформата, пријавите ќе стигнуваат на едно место и ќе бидат поефикасно распоредени до надлежните инспектори, полесно ќе се следат случаите на загадување и подобро ќе се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и при одговор на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.