Англискиот вицешампион ја оствари четвртата победа по ред.

Фудбалерите на Манчестер сити ја потврдија одличната форма и во наптреварот против Брајтон славејќи со минимални 1:0 во рамките на 18. коло од Премиер лигата.

Ова беше четврта победа по ред за „граѓаните“, а херој на натпреварот е Фил Фоден кој во 44. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Талентираниот англиски фудбалер по приемот на топката која му ја упати Кевинб де Брујне, се ослободи од својот чувар и без проблеми го совлада противничкиот голман.

Победата можеше да биде поубедлива доколку своите шанси ги искористеа Де Брујне, Марез, Гундоган како и Бернардо Силва кој во 59. минута ја погоди стативата.

Со новите три бода, Манчестер сити се искачи на третото место на табелата со 32 бода, четири помалку од лидерот Манчестер јунајтед, но има и натпревар помалку во однос на „црвените ѓаволи“ и второпласираниот Ливерпул.