Речиси 230 милиони евра лани граѓаните на Македонија потрошиле за он лајн трговија. Податоците на Народната банка покажуваат дека во 2020 година биле извршени 7,3 милиони онлајн трансакции. Доколку ги анализираме податоците ќе видиме дека граѓаните купувале стока во вредност од 167 милиони евра од домашни е-продавници, што претставува дури 73 отсто од целокупната он лајн трговија лани во земјава. Податоците велат и дека се реализирани близу три милиони онлајн трансакции во странство, со вкупна вредност од 62,3 милиони евра.
Во текот на 2020 година странците кон домашни е-трговци направиле речиси 300 илјади трансакции со вкупна вредност од без малку 11 милиони евра. Ова претставува речиси двојно во однос на 2019 година, кога се реализирале нешто над 17 илјади онлајн трансакции со вкупна вредност од близу седум милиони евра. Тоа претставува раст од 75 отсто во бројот на трансакции и забележан е раст од 60 отсто во вредноста на нарачките.
Намален е единствено прометот кај странските онлајн компании и тоа падот е цели 19%. Од Асоцијацијата за Е- Трговија велат дека тоа е резултат на фактот дека граѓаните не можеа да патуваат.
„Падот е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени. Од вкупниот износ во вредност од 62,3 милиони евра кои македонските граѓани во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство, дури 73,6% од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји“, наведуваат од Асоцијацијата за е-трговија.
Податоците покажуваат и дека најмногу е-трансакции од земјава, односно најмогу по интернет се купувало од он лајн продавниците во Велика Британија, односно 10 милиони евра, над седум милиони вера во Унгарија, следуваат Ирска и САД со 6,8 односно 6,1 милион евра и Луксембург со 5,9 милиони евра.
Иле Петревски