Граѓаните на општина Гази Баба се против изградба на нови индустриски капацитети во нивната општина по најавите дека во Железара се предвидува изградба на постројки за физички и хемиски третман на фабрички отпад.
Ова не е партиско прашање, туку прашање за нашето здравје и животи, изјави граѓанка од Гази Баба на јавната презентација на извештајот.
Учесниците во расправата не добија одговор зошто просторот од над 200 илјади квадратни метри добил таква намена.
Тие уверуваа дека како мажи ќе се борат против изградба на нови фабрики за да ги труе некој како глувци.
Освен тоа, граѓаните не веруваат дека станува збор за незагадувачка индустрија и обвинија за кршење на процедурите.
Градоначалникот Борис Георгиевски ветува дека нема да дозволи во атарот на општината да има нови загадувачи.