Огромно мнозистви на граѓаните на Северна Македонија не веруваат дека владата има капацитети да се справи со корупцијата во земјата.

Овие податоци прозилегуваат од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведена кон крајот на минатат година.

„Мнозинство од граѓаните сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата. 71,8 отсто рекле дека сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата во државата, додека 23,4% сметаат дека има“ стои во соопштението на МЦМС.

Граѓаните не веруваат ниту во капацитетите на владата да спроведе судски реформи. Над две третини, односно, 68,5 отсто, сметаат дека таа нема капацитет да спроведе такви рефоми. Само 26  отсто од граѓаните веруваат дека владата има капацитет да го реформира судството.

Дополнително, повеќето граѓани не веруваат дека владата може да ги спроведе потребните реформи во земјата без надворешен притисок.

Над 56 посто од граѓаните одговориле дека воопшто или до некаде не се согласуваат дека реформите можат да се спроведат без надворешен притисок, а ококу 42 отсто целосно или до некаде се согласуваат дека можни се реформи без надворешен притисок.

Според анкетата на МЦМС, граѓаните немаат големи очекувања за иднината на Европската Унија. Неѓто над 30 отсто од анкетираните сметаат дека ЕУ веројатно ќе успее да ги надмине сегашните проблеми но, се повеќе ќе се затвора и се потешко ќе прима нови членки, а 29,5 отсто очекуваат ЕУ да се соочо си поголеми проблеми и поверојатно е дека потполно ќе се затвори, дури и распадне, отколку дека и понатаму ќе се проширува и зајакнува.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата  е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа Шведската агенција за меѓуна-роден развој (СИДА) преку проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.