Германската канцеларка Ангела Меркел вчера беше во посета на францускиот претседател Емануел Макрон, за последен пат пред изборите во Германија на 26 септември. Како што беше посочено, на работна вечера во Елисејската палата тие зборувале за Авганистан по повлекувањето на Западот од земјата, ситуацијата во Сахел, каде што двете земји учествуваат во воени мисии, како и претседателските избори во Франција во мај следната година.

Advertisements

Во пресрет на овој состанок, беа објавени резултатите од анкетата на Истражувачкиот центар на Европскиот совет за надворешни односи во Брисел (ЕЦФР), според која 41 отсто од граѓаните на ЕУ би гласале за Ангела Меркел за претседател на Европската Унија, кога таквата функција би постоела.

Како што е наведено, се чини дека граѓаните на ЕУ го претпочитаат начинот на кој Ангела Меркел ја води политиката во однос на пристапот на Емануел Макрон.

„Со својот технократски стил на лидерство, Меркел ја освои довербата на Европејците многу повеќе отколку Макрон со своите визионерски говори“, велат од ЕЦФР.

Меркел го победи Макрон во сите 12 земји кои учествуваа во анкетата, а Макрон доби само 14 проценти од гласовите.

Прикажи повеќе