Граѓаните кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име, најавуваат протест во понеделник пред управните служби каде се издаваат лични документи.
На околу 40 илјади граѓани им се закнува можноста дури и да бидат избришани од Избирачкиот список, предупредува народниот правобранител Насер Зибери во изјава за Сител.
Омбудсманот досега во два наврати се обратил до Владата, МВР и до Народната банка. Ако треба ќе бара и ревизија во нивната работа, а ќе ги нотира и во својот извештај кој пак, е битен за Европката унија. Зибери бара и одговорни пратеници за да се донесат измените.