На лицата кои имаат негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид во последните 6 месеци, треба да им се дозволи влез во локалите, бара Туристичко- угостителската комора.
Тие доставиле барања за измена на одлуките на владата во кои се бара сертификат за вакцинација за влез во затворени објекти. Мартин Ангеловски вели дека прометот на сопствениците на угостителските објекти е паднат за 30% додека со новите рестриктивни мерки многу свадби на отворено се откажани бидејќи многу граѓани не се вакцинирани.
Марија Алексова, член на Комората бара здравствените власти да им овозможат на граѓаните да се тестираат на граница.
Пред неколку дена, министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето зошто граѓаните со негативен ПЦР не можат да влезат во локалите, рече дека нема логика граѓаните да плаќаат ПЦР тестови само за на кафе, а целта на мерките е стимулирање на граѓаните да се вакцинираат.