Вториот мандат во дресот на Манчестер Јунајтед за Кристијано Роналдо започна на најдобар можен начин.

„Црвените ѓаволи“ го пречекаа Њукасл Јунајтед на „Олд Трафорд“ и забележаа победа од 4-1. Португалскиот ас постигна два гола.

“Кристијано подигна се, ги натера сите други да бидат фокусирани. Бара многу од себе, а потоа тоа го бара од соиграчите и од сите нас”, изјави Солскјер по натпреварот.

Англиските медиуми денеска почнаа да објавуваат детали за силниот и влијателен говор на Роналдо од соблекувалната пред натпреварот.

За Роналдо, критичарите имаат навика да кажат дека тој е егоцентричен, себичен, дека неговиот личен настап е на прво место, но судејќи според неговиот говор, тоа воопшто не е така.

Најпопуларниот фудбалер на денешницата ги откри вистинските причини зошто се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години.

“Говорот на Роналдо беше многу силен и инспиративен. Сите играчи и стручниот штаб седеа во тишина. „Се вратив од две причини. Првата е дека го сакам клубот. Втората е дека ја водам победничката металност вградена во овој тим”, рече Роналдо”, тврди добро информиран извор од „The ​​Sun“.

“Не се вратив да бидам навивач. Сакам успех, сакам да го сакате овој клуб со целото срце. Без разлика дали играте или не, треба да ги поддржувате соиграчите и секогаш да давате 100% за клубот”.

“Тука сум за да победувам и ништо друго. Победите не прават среќни. Сакам да бидам среќен, нели? Ти си неверојатен играч и верувам во тебе, инаку не би се вратил”, се некои од речениците од говорот на Роналдо пренесени од „The ​​Sun“.