Пораките „Чиста Македонија“ и „Смрт за шпони“ веќе извесен период го „красат“ ѕидот на Домот на културата „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. На „културњаците“ очигледно не им пречат ваквите „мирољубиви“ пораки и затоа можеби не ги бришат. Ваквиот говор на омраза не соодвествува со пораките и заложбите на Рацин кои се однесуваат претежно за социјална правда, работнички права и лубов.
Кај нас називот „шпон/и“ се користи за навредување на Албанците. Меѓутоа веројано голем дел од тие што го користат тој израз ниту знаат што значи зборот шпон. Дефиниција за шпон според македонскиот дигитален речник: Деланка, ситен остар отпадок, делче од некој материјал при неговата обработка или распрскување, обично при обработка на железо.
Примери: „Остар шпон му влезе во окото и го повреди“.
„При сечењето на цевката неколку шпонови му се залепија за нозете“.
„Еден дрвен шпон летна и му ја повреди раката“.
Говорот на омраза може да се најде буквално секаде. Посакување смрт за одредена група или заедница може да се слушне на протести/собири, на спортски натпревари, графити на ѕидовите, на јавните превози… Но, најизразено е на социјалните мрежи.
Јонче на Твитер пишува: „Таа ш*********а на шалтер под железничка, е најодвратнотонешто што постои на планетатва, све ù е**м!“.
Извесен Хасан Селмановски (од Охрид, со живеалиште во Дурен, Германија) на својот Фејсбук профил објави лаги, дезинформации, говор на омраза и потикнување дела од омраза кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Со неговите тенденциозни објави на Фејсбук очигледно сака да му наштети на честа и угледот на Дерала, но истовремено и на организацијата ЦИВИЛ.
На прашањето на ЦИВИЛ: Што е посилно од атомската бомба – говорот на омраза, национализмот или корупцијата?, кое беше поставено на на 05 јули 2023 година, има педесетина коментари кои во најголем дел граѓаните се согласуваат дека говорот на омраза прави иста штета како атомската бомба.
„Национализмот и говорот на омраза се најлошите работи за уништување на луѓето. Поделбата на едни и други и секојдневно ширење говор на омраза доведува до системско уништување на човештвото. Нема потреба од пуштање Атомска бомба кога ние самите се уништуваме. Паролата „раскарај и владеј“ е нај присутна во денешнината“, вели Зоран Карановски.
„Најопасни се национализмот и говорот на омраза, тие се причина за употреба на оружје, па и на атомска бомба“, вели Насер Ајдини.
„Национализмот и говорот на омраза доведуваат до човечки трагедии, низ историјата има безброј примери. Ми се чини дека брзо се забораваат. Зборовите на омраза се почеток на секое зло“, истакна Марко Цветановски.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и тоа треба да се искорени. ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството и бара од надлежните органи веднаш да почнат да ги санкционираат сите оние кои посакуваат различните од нив да ги „сотрат“… Нашата држава е демократска и има обврска да ја гарантира слободата и безбедноста на секој/а граѓанин/ка. Говорот на омраза не смее да се толерира!
Дехран Муратов/Цивил Медиа