Она што се шпекулираше веќе изнесно време, веројатно ќе стане стварност во овој летен преоден рок. Љубовта помеѓу Дибала и Јувентус е завршена, па Аргентинецот од идната сезона ќе има нов клуб. Тој е во лоша форма, сезонава кај Пирло речиси и да не игра, а наводно Дибала преку своите менаџери ја одбил последната понуда за продолжување на соработката.

За него има интерес од неколку европски клубови, но останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата. Тој во дресот на Јуве е од 2015-та година и постигнал 98 голови.

Со оглед на тоа дека Дибала речиси сигурно заминува, тогаш тешко е да се верува дека најавите за заминување на Роналдо ќе се остварат. Сигурно дека Јувентус нема да си дозволи во еден преоден рок да заминат две големи ѕвезди.