Повредите го спречија да покаже што знае и умее во дресот на Реал Мадрид. Од Челзи стигна како големо засилување за 150 милиони евра, вклучувајќи и бонуси, но се чини дека ќе замине наскоро. Реал Мадрид одлучил да го продаде Белгиецот и тоа за сума од 50 милиони евра, објавија шпанските медиуми. Азар се смета за едно од најголемите промашувања во историјата на „Кралскиот клуб“.
Поради честите повреди досега одигра само 36 мечеви и постигна четири голови и исто толку асистенции. Оваа сезона одигра само 9 меча.