Лука Модриќ, еден од најдобрите играчи за врска во последните неколку години, одлучи да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Актуелниот му истекува на крајот од сезона, а според новиот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една година, со што десет сезони ќе биде дел од „Кралскиот клуб“. Информациите велат дека Модриќ дури се согласил и на намалување на платата.
Хрватот во Реал Мадрид пристигна во 2012-та година за 35 милиони евра од Тотенхем. Забележа 383 настапи, на кои постигнал 26 голови и 61 асистенција. Има 35 години.