Вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од с.Вруток, гостиварско.
При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „голф“ со брзина од 173 километри на час на место каде што дозволената брзина е 80 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.