Во 1991 година, Македонија одлучи да биде самостојна и независна држава. Нема поголем настан за еден народ – кој сака да биде признаен и прифатен како „другиот“, „различниот“ – од чинот на оформување сопствена држава, пишува Петар Гошев во неговата колумна за Призма по повод 8-ми септември, Денот на независноста. Тој понатаму вели дека во тие моменти, нашите „срца – џебови“ беа полни со надеж за идентитетско самопотврдување и за подобар живот од дотогашниот.

Сепак, Гошев вели:

-Вистинските победници во Македонија од 1991 до денес се алчноста, некомпетентноста, корупцијата. Перјаниците на овие категории крстосуваат со кренати глави низ државата, ја играат некогашната улога на јаничарите и друмските јанкесеџии – компетентните и доблесните ја напуштаат. Од 1990 до денес, повеќе од половина милион луѓе ја напуштија државата, бегајќи од бесперспективноста и отсуството фер односи во општеството. Контингентот работоспособни луѓе испарува на дневна основа, „сивата материја“ поцрнува.

Повеќе на Призма.