Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемува за 0,50 ден/литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.
Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)