Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се процава за 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 64,50, а Екстра лесното масло за греење за 64,50 денари за литар.
За 1,526 денари се зголемува и цената на Мазут М-1 НС, и еден илограм ќе чини 40,053 денари.