Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), бензините и дизел горивото поевтинуваат за еден денар по литар.

Но, продолжува трендот дизел горивото да биде поскапо од бензините.

Според последната одлука, од полноќ бензинот ќе се продава за 84,5 денари по литар, а дизелот за 97 денари по литар.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,5 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98+ – 87 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97 ден/л
МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 93,5 ден/л
МАЗУТ М-1 HC 51, 5 ден/кг