Пожар изби во дворот на поранешната фабрика „Треска“ во скопската општина Центар. Како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Центарот за управување со кризи (ЦУК), гори магацински простор.

„На бројот 112 беше пријавен пожар во фабриката ‘Треска’ и на терен во моментов го гасат 6 возилата на Пожарната на Град Скопје. Покрај објектот гори и пластика и затоа чадот е толку темен. Се интервенира, и кога ќе бидат изгаснат ќе информираме“, ни изјавија од ЦУК.

Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира.