Планетарно познатиот готвач и сопственик на ланец ресторани низ целиот свет, Гордон Ремзи неодамна потврди дека претрпел загуба од над 57 милиони фунти поради вонредната состојба и карантините предизвикани од коронавирусите.
Гордон, кој поголемиот дел од 2020 година го поминал во својот дом во Корнвол, морал да откаже неверојатни 22.500 резервации во своите ресторани за Божиќ – поради карантините. Готвачот вели дека пандемијата нанела огромна штета за неговиот бизнис.
Неодамна Гордон гостуваше во шоуто „Graham Norton“ каде изјави дека карантините „разорно“ влијаеле врз неговите ресторани во Лондон.
„Трагично е кога ќе помислите дека не можете да се забавувате со пријателите и семејствто… Кога повторно отворивме во јули минатата година, атмосферата беше монументална, енергична, дури не ни беше потребна музика, навистина беше тешко кога требаше повторно да затвориме“, вели готвачот.
Од компанијата „Gordon Ramsay Restaurants“ која ги надгледува неговите 18 ресторани низ Лондон, 17 ресторани низ светот и уште пет кои се планира да се отворат кога работите „ќе се вратат во нормала“ забележале загуба во вредност од 57,5 милиони фунти од првиот карантин минатата година.
Гордон морал да побара помош од владата на Велика Британија со цел да стотици работни места во неговите ресторани.
Владата на Велика Британија најави повторно отворање на рестораните по неколкунеделните ограничувања со кои рестораните функционирааа само со достава. Од 12 април сите пабови и ресторани низ земјата ќе можат да примаат гости од најмногу две домаќинства.