Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за само четири часа успеа да собере 15.000 потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија.

Потписите за нејзината кандидатура почнаа да се собираат денеска, откако вчера на конвенција на партијата официјално беше потврдена кандидатурата со 444 гласа од делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.