Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев „збесна“. Тој на социјалните мрежи објави неколку фотографии од фудбалскиот меч Академија Пандев-Работнички (0:1) кој се одигра во лоши услови, со прекриен терен од снег. Но, пораката која ја пиша останува нејасно за кого е упатена, иако од содржината може да се претпостави.
-Жално. Уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките се вакци. Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата. Сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес. Излезете јавно и кажеше што направивте за македонскиот фудбал за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период. Спремен сум, ако не се сменат некои работи, ако клубвоите не одлучуваат во фудбалската федерација, да се тргнам на страна, напиша Пандев.
loading…