Горјан Врбанов е роден во Елхово Бугарија во 1975 г. Дипломира на Институтот по биотехнологија во Пловдив и на Универзитетот во Рединг, Велика Британија на смерот за меѓународен бизнис. Коосновач е на New Estate Bulgaria, групација од компании, што работат во сферата на трговијата со недвижности. Основач и раководител е на компанијата Quendoo, која нуди услуги во сферата на туризмот.
Порталот Трибуна направи интервју со првиот човек на компанијата Quendoo, која влезе во македонскиот пазар со платформата за туристички резервации arendoo.mk.
Интервјуто го пренесуваме во целост:
Трибуна: Г-не Врбанов раскажете нешто повеќе за компанијата Quendoo?
Горjaн Врбанов: Quendoo е компанија која што работи во сферата на дигитализацијата на туристичкиот сектор. Имаме два бренда, Arendoo.com, којшто е peer-to-peer платформа за резервации и Quendoo.com која што е платформа што работи на принципот PaaS (платформа-услуга) што им дава дигитални алатки на сопствениците на хотели и други имоти за одмор.
Ја развиваме компанијата од 2014 г., а наши основни пазари се Грција, Бугарија и Романија. Во почетокот на оваа година, наш инвеститор стана и еден од поголемите фондови за ризични инвестиции „Витоша Венчрс Партнерс“ и благодарение на нивната инвестиција имаме можност да ја прошириме нашата дејност во регионот и секако во Македонија.
Трибуна: Веќе сте дел од македонскиот пазар преку arendoo.mk. Во време кога туристичката бранша трпи големи загуби, Вие продолжувате да се ширите во регионот. Што очекувате и што е многу поважно со што ќе направите поинтересен туристичкиот бизнис во Македонија?
Горjaн Врбанов: Да, туризмот е можеби најпогодениот сектор од пандемијата. Практично, тој е близу до точката на замрзнување. Сепак, заедно со нашите партнери имаме долгорочни планови и стратешки се стремиме да станеме еден од важните играчи кои обезбедуваат дигитални услуги од областа на туризмот во регионот.
Прво влегуваме во Македонија со платформата за резервации Аrendoo. Македонската верзија на платформата е веќе активна и е достапна на Arendoo.mk. Македонските заљубеници во патувањата можат да изберат од речиси 5.000 понуди на приватни сопственици и мали семејни хотели во Грција, Бугарија и Романија. Имаме сериозни и долгорочни намери да ја развиеме платформата на македонскиот пазар. Исто така, започнуваме активно да ја промовираме платформата меѓу македонските сопственици на сместувачки капацитети и се надеваме дека ќе можеме да воспоставиме плодна соработка со туристичката заедница во Македонија.
Во врска со вториот дел од вашето прашање, би сакал да го споделам следново. Што се однесува до платформата Arendoo, таа е исклучително иновативен производ кој всушност дава целосно ново искуство во текот на целиот процес на избор и резервација на годишен одмор. На пример, имаме многу модерен начин на презентирање на понуди за сместување, даваме можност за директна комуникација помеѓу сопствениците на сместувачките капацитети и туристите, како и за директни плаќања.
Quendoo, пак, е производ со кој се надеваме дека ќе придонесеме за дигиталната трансформација на туристичкиот сектор. Ова е производ што им овозможува на сопствениците на сместувачки капацитети целосно да го создадат и да управуваат со своето дигитално присуство. Со други зборови, преку платформата секој хотелиер, без оглед на неговите капацитети, ќе има пристап до исклучително флексибилен систем за управување со достапноста и цените, ќе може да креира модерна веб-страница, каде што да ги прикаже своите цени и ќе може да користи директно резервирање преку страницата . Покрај тоа, преку платформата и преку таканаречениот channel manager, сите цени и достапност на имотите ќе можат да се синхронизираат со глобалните и локалните портали за резервации и социјалните мрежи.
Трибуна: Со што ќе ги придобиете вашите клиенти од Македонија?
Горjaн Врбанов: Ова прашање е лесно. Ние ќе им понудиме погодност, ефикасност и иновација, што сум сигурен дека ќе биде оценета од нашите македонски клиенти. За љубителите на патувањата ќе обезбедиме различни понуди во најпопуларните дестинации на разумни цени. А на сопствениците на сместувачки капацитети одлична можност да ги промовираат своите имоти на иновативен и модерен начин.
Трибуна: Пазарот во Македонија не е ли многу мал за компанија со амбиции како Вашата?
Горjaн Врбанов: Пазарот во Македонија, се разбира, не може да се спореди со големите европски пазари, тој е неколку пати помал и од регионалните пазари како што се Романија и Грција. Куповната моќ во споредба со западноевропските пазари е исто така прилично слаба, затоа е занемарена од многу глобални играчи во овој сектор. Сепак, ние веруваме во регионот. Ние веруваме дека потенцијалот за раст е огромен. Балканот, вклучително и Македонија, се неверојатно место за туризам и веруваме дека ако и обезбедиме на туристичката индустрија модерни и иновативни дигитални производи, регионот ќе може да го покаже својот вистински потенцијал.
Трибуна: Зошто еден средно-статистички сопственик на мал и убаво уреден семеен хотел во Охрид да се регистрира во Вашата платформа? Кои се Вашите адути?
Горjaн Врбанов: Пред да одговорам на ова прашање, само сакам да подвлечам дека сопственикот на семеен хотел во Охрид спаѓа во категоријата сопственици на сместувачки капацитети, коишто се во центарот на нашиот деловен модел. Големите хотелски ланци имаат ресурси за да бидат добро застапени во светот на дигиталниот туризам, додека за помалите хотелиери ова е предизвик. Поточно на вашето прашање. Доколку се регистрира на Arendoo, хотелиерот од Охрид добива брз и директен пристап до туристите од Бугарија, Грција и Романија и секако од Македонија, кои би сакале да го посетат Охрид. Исто така, не е безначајно што овој пристап е на исклучително разумна цена.
Трибуна: Последно прашање. Што ќе им препорачате на туристите од Македонија кои бараат опции за одмор во Грција во моментов? Како да ја искориста платформата Arendoo.mk?
Горjaн Врбанов: Еве што треба да направат луѓето што сакаат да резервираат евтино во Грција. Детално прегледајте ги понудите на платформата. Користете ги сите можни филтри. Откако ќе ви се допадне местото, проверете ги реакциите од претходните клиенти за местото и сопственикот што го промовира имотот. Откако ќе се уверите дека ова е вашето место, би Ви препорачал да го контактирате сопственикот. Ова се прави преку системот за директен разговор што го обезбедува платформата. Не двоумете се да пишувате на македонски јазик, системот нуди автоматски превод во зависност од јазикот на којшто се има регистрирано сопственикот или туристот. Јас лично би побарал и попуст. Повторно, системот му овозможува на сопственикот да ви понуди ценовна понуда доколку смета дека е соодветна. Откако ќе се согласите за цена, можете да платите депозит преку системот за да ја гарантирате вашата резервација. Ние нудиме исклучително безбеден систем на плаќање. Откако ќе го платите износот што го бара сопственикот на имотот, вашите пари се складираат кај нас и се префрлаат на сопственикот 24 часа откако ќе се сместите, со што имате можност во случај на проблеми со сместувањето да не известите и евентуално да го вратите вашиот депозит без проблеми. Ако го следите овој алгоритам, сигурен сум дека нема да бидете разочарани од вашиот следен одмор во Грција.