Утре, со почеток во 19:00 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ Црвена Звезда и Партизан го играат финалето во Купот на Србија. Капитенот на „црно-белите“ со интересна изјава во пресрет на овој дуел.

-Моите соиграчи не би требало да имаат притисок. За овие една година направиле премногу, горд сум на победите. Во некои други времиња сигурно би ни донеле титула. Што и да се случи утре, јас ќе бидам виновникот. На свој грб примам се. Мене силувајте ме ако не го освоиме Купот. Соиграчите немаат притисок. Се е врз мене, изјави Владимир Стојковиќ.