Утрово има големо полициско обезбедување пред Кривичниот суд, каде треба да започне рочиштето за случајот „Монструм“. Денешното рочиште е предвидено за завршните зборови на одбраната. Адвокатот на одбраната Насер Рауфи најави дека ќе докажат дека обвинетите не се виновни и дека, како што вели, овој случај е монтиран.

Од друга страна, пак, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Дојче Веле“ изјави дека лицата се обвинети врз основа на цврсти и непспорни докази.

Обвинителката Фатиме Фетаи на претходното рочиште во завршните зборови на обвинителството побара доживотна казна затвор за Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ како извршители на убиството, за Хаки Азири и Фејзи Азири како помошници во злосторството. За обвинетиот Сами Љута, обвинителката Фетаи рече дека обвинението е повлечено затоа што нема докази.