Легендарниот роман на Скот Фицџералд „Големиот Гетсби“ се подготвува за адаптација за театарот и станува мјузикл, а музиката ја напишала британската пејачка Флоренс Велч, фронтмен на групата „Florence and Machines“.
Велч ја презела задачата да пишува музика и текстови заедно со Томас Бартлет со кого соработуваше во создавањето на песната „Jenny of Oldstones“ за серијата „Game of Thrones“.
„Таа книга ме прогонуваше голем дел од мојот живот“, изјави таа и призна дека мјузиклите се нејзината прва љубов.
Мјузиклот треба да биде поставен на Бродвеј, каде приказната не е поставена уште од времето кога тоа го направи режисерот Џорџ Кукор во 1926 година.
Да потсетиме, во 2013 година, книгата беше адаптирана во истоимен филм.
Книгата ќе ја адаптира за сцена Мартина Мајок, а за режија ќе биде задолжена ебека Фрекнал. Датумот на премиерата, како и кој театар на Бродвеј ќе го прикаже мјузиклот, сè уште не е објавен.