Пандемијата на коронавирусот ја натера НБА лигата од седми јануари да воведе нов систем за следење на кошаркарите.
Според американските медиуми станува збор за речиси целодневен надзор на секој кој е дел од НБА лигата, односно од кошаркарите па се до тренерите и функционерите во клубовите.
Од седми јануари секој кошаркар и член на тренерските тимови во НБА лигата ќе добие нараквици со сензор кои ќе морат да ги носат за време на сите заеднички активности, освен на натпреварите и во хотелите во кои преноќуваат за време на гостувањата. Нараквиците со сензор ќе бидат задолжителни и за време на тренинзите.
Секој што нема да би почитува одлуките на НБА лигата ќе биде казнет, а се шпекулира дека освен парични можни се и казни во вид на суспензија од натпревари.
Целта на овој потег на НБА лигата е да се добијат што повеќе информации по што ќе се добие појасна слика за тоа колку играчите имаат блиски контакти и тоа со цел да се заштитат од коронавирусот.
Како што информираат од седиштето на НБА лигата, сензорите нема да ја снимаат и бележат ГПС локација на играчите или членивите на тренерските тимови, но со сигнализација ќе се предупреди личноста доколку се најде на растијание од 1.8 метри од друга личност која исто така носи сензор.
– Се надеваме дека сензорите нема да бидат користени само во случај кога некој ќе биде заразен, туку превентивно да се обиде да се намалат контактите пред некој да биде заразен од коронавирус – изјави потпретседателот на НБА, Дејвид Вајс.
Прва лига која воведе вакви нараквици со сензори во САД е НФЛ лигата.