Навивачите на Арсенал организираа протести пред последниот натпревар во сезоната на „Емирати“ против Брајтон.
Огромен број навивачи на Арсенал протестираат против сопственикот на овој тим, семејството Кроенка и сакаат тие да го напуштат клубот.
Ова е само продолжение на протестите од претходните недели кога исто така огромен број навивачи јавно побараа заминување на сопствениците.
Arsenal fans #KroenkeOut protest pic.twitter.com/zcRYBdseoX
— Chris Wheatley (@ChrisWheatley_) May 23, 2021
Сепак, засега протестите се залудни бидејќи семејството Кроенке нема намера да го напушти клубот.