Македонскиот голман Столе Димитриевски игра фантастична сезона во дресот на Рајо Ваљекано, а доказ за тоа е интересот од Барселона, за кој пишуваа шпанските медиуми.

И има причина зошто каталонскиот тим се интересира за Димитриевски. Македонскиот голман во овој момент е на врвот на листата во успехот на одбранети удари од првата полусезона.

Димитриевски има процент од 80,6% одбранети удари, а по него е Унаи Симон од Билбао со 80%, а потоа Јасин Бону од Севиља (78,6).

Од многуте познати имиња, Тибо Куртоа е четврти додека Јан Облак изненадувачки е на 22. место на оваа табела.