Малата британска прекуморска територија Гибралтар е прва во светот која ги вакцинирала против коронавирус сите возрасни лица кои покажале интерес за вакцинација, објави денеска британскиот министер за здравство Мет Ханкок, пренесува Вашингтон пост.
Во Гибралтар живеат околу 30.000 луѓе, а таа земја имаше две клучни предности во трката со вакцини: големината и постојаниот проток на дозите на вакцините увезени од Велика Британија. Ова ѝ овозможи на тамошната влада да започне да вакцинира илјадници работници кои живеат во Шпанија, но патуваат преку границата до Гибралтар секој ден за на работа. Вакцинацијата им ги олесни тие патувања по скоро една година.
– Advertisement –