Полицијата во Србија во текот на ноќта ги блокирала стадионите на Црвена Звезда и Партизан. Откажани се сите трнинзи на сите категории, а забранет е било каков влез на стадионите. Се вршел и претрес во клупските простории.

Акцијата е организирана за со цел да се уапсат криминални структури, кои се кријат за навивачките групи, пишуваат тамошните медиуми. Особено ова се однесува на навивачите на  Партизан. Уаспени се неколку главни лица од оваа група.

– Ноќеска се уапсени 17 припадници на криминална група која ја предводел Вељко Беливук, познат како Веља Невоља и Марко Миљковиќ. Тие се осомничени за најтешки кривични дела како што се убиства, рекет, киднапирање, продавање дрога и за тоа ќе одговараат. Србија е сериозна држава и никогаш нема да дозволи во неа да се создаде нов Земунски клан, изјави Александар Вулин, министер за внатрешни работи на Србија.

Повеќе информации тамошната полиција најавува во текот на денов.

loading…