МВР спроведува полициска акција која се уште трае, а во која според информациите досега се уапсени најмалку шест лица. Според информациите разбиена е организирана криминална група, која се занимавала со криумчарење на мигранти, а воедно кај нив била пронајдена и дрога.
Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.
Акцијата се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово. МВР најавува детали по завршувањето на акцијата.