Рано утрово полицијата и специјалната единица презема акција на неколку локации во населбата Синѓелиќ во Скопје.
По долга истрага, како што велат од МВР, од слобода се лишени 12 лица на возраст од 18 до 47 години. Дел од оваа криминална група, според МВР, е и еден припадник на полицијата.
Портпаролката на полицијата соопшти дека при претрес на 20 локации најдени се наркотични средства.
За уапсените ќе бидат доставени кривични пријави во ЈО. Полицијата информира дека членовите на оваа криминална група долго време биле вмешани во вршење кривични дела “Неовластена продажба и пуштање на пазарот на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“’, казнети според член 215 од Кривичниот законик и “Поседување оружје без дозвола“, според член 396.