Голема нафтена дамка се појави во близина на плажата Хантингон на брегот на Калифорнија, откако дошло до напукнување на бушотината за нафта, соопштија денеска властите.

Advertisements

Официјалната претставничка на областа Оринџ, Кетрин Фоли рече дека околу 126.000 галони нафта создале дамка широка околу дваесет километри, што предизвикала смрт на јата птици и риби.

– Влијанието врз животната средина е неповратно. Дамката е предизвикана од пукнатина на бунар и се протега од Хантингтон Бич до Њупорт Бич, истакнала таа.

Плажите се затворени за пливачи, а локалното авио -шоу е откажано.

Прикажи повеќе