Фото илустрација
Рано утринава специјалците на МВР излегле на терен во акција по наредба на Основното јавно обвинителство. Се вршат претреси и апсења во Грчец и Гази Баба. Според А1он досега биле уапсени 21 лица за трговија со дрога. Дел од нив се приведени во општина Карпош. Обвинителката Вилма Русковска го потврди случајот за „А1он“, а повеќе детали се очекуваат по нејзино завршување. Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР. Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал. Акцијата и натаму е во тек.