Серхио Рамос неодамна се врати на теренот откако имаше проблеми со повреда на коленото.
Капитенот на Реал Мадрид се бори со повреди оваа сезона и го пропушти поголемиот дел од вториот дел од сезоната.
Рамос неодамна се врати на теренот, а во средата го одигра целиот натпревар против Челзи на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Сепак, Реал Мадрид денес повторно ги разочара навивачите бидејќи најавија дека Рамос има нови проблеми со повредата.
Кралскиот клуб потврди дека Рамос има проблеми со повреда на мускулот на левата нога, а сè уште не е познато дали повредата е од посериозна природа.
Реал на официјалната веб-страница објави дека ќе направи дополнителни прегледи со цел да се утврди сериозноста на повредата, и со цел да се знае колку Рамос овојпат ќе отсуствува од терените.
Parte médico de Sergio Ramos.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 8, 2021
Кралевите утре играат големо дерби на гостувањето кај Севиља, а како што стојат работите Рамос нема да биде во конкуренција за пресметката против неговиот поранешен клуб.
Рамос нема среќа со повредиде оваа сезона, и да биде работата уште полоша, неговиот договор со Реал Мадрид истекува на лето и тој сè уште не добил понуда од Кралевите да остане во клубот.
Искусниот стопер постави само еден услов Флорентино Перез да остане. „Марка“ пренесува дека двегодишниот договор е сè што легендарниот дефанзивец го бара.
„Марка“ наведува дека 35-годишникот е подготвен да го тргне настрана проблемот со парите и намалувањето на платата доколку се исполни неговото единствено барање.