По дводневна пауза, вечерва ќе имаме голема пресметка помеѓу Италија и Белгија во четвртфиналето на Европското првенство.

Белгија и Италија играат на Алијанц Арената во Минхен, веројатно најголемото дерби во оваа фаза на Европското првенство.

Белгијците стигнаа до четвртфиналето по победата од 1:0 против Португалија, додека Италијанците ја исфрлија Австрија по продолженијата (2-0).

Сигурно е дека вечерва во Минхен не чека одличен натпревар и одлична тактичка борба помеѓу Роберт Мартинез и Роберт Манчини.

Натпреварот се игра од 21 часот, а двајцата селектори ги објавија почетните состави.

Мартинез е во неволја бидејќи не може да смета на Еден Азар кој има проблеми со повредите, а тоа е голем удар за Белгијците. Но, што е најважно, Де Брујн се опорави од повредата на мечот против Португалија.

Од друга страна, Манчини му даде шанса на Киеса на овој натпревар од првата минута, а Кјелини исто така се опорави од повредата.

Белгија : Куртоа, Алдервеирлд, Меуние, Вермален, Вертонген, Витсел, Тилеманс, Доку, Т.Азар, Де Брујн, Лукаку.

Италија : Донарума, Бонучи, Киелини, Ди Лоренцо, Спинацола, Жоргињо, Барела, Верати, Инсиње, Киеза, Имобиле.